Мирување на студиите

Факултет: Факултет за ликовни уметности

Форма на барањето: Писмена

Надлежен орган: Декан на Факултет за ликовни уметности, преку архива на адреса Дрезденска б.б., 1000 Скопје

Образец на барање: Не постои

Докази кон барање:
Задолжителни докази:

  • Индекс

  Докази од кои се поднесува еден (зависно од причината за мирување):

  • Потврда за бременост
  • Извод од матична книга на родени на дете до 1 година старост)
  • Потврда за болест подолга од 1 семестар
  • Семејни причини ( / )
  • Писмо или потврда од соодветна установа за меѓународна размена на студенти
  • Потврда за учество на спортски настан со статус на член на репрезентација
  • Потврда за неможност да се исполнат финансиски обврски
  • Други лични причини ( / )

Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето

Цена на услуга: Не

Правен лек: Жалба до Деканатска управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот

Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Факултет за ликовни уметности, преку архива или на адреса за електронска пошта: info@flu.ukim.edu.mk