Испишување од студии
Факултет: Архитектонски факултет
Форма на барањето: Писмена.
Надлежен орган: Декан на Архитектонски факултет, преку архива на адреса бул. “Партизански одреди” бр. 24, 1000 Скопје
Образец за барање: Не постои.
Докази кон барање:
Задолжителни докази:
- Индекс
- Платена цена на услугата
- Потврда од Факултетот дека студентот на должи книги на библиотеката
Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето
Цена на услуга: 3.000,00 МКД
Правен лек: Приговор до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот.
Орган надлежен за правниот лек: Деканатска управа на Архитектонски факултет преку архива или на адреса за електронска пошта: dekanat@arh.ukim.edu.mk