Мирување на втор и трет циклус студии и специјализации
Факултет: Медицински факултет
Форма на барањето: Писмена
Надлежен орган: Декан на Медицинскиот факултет, преку архива на адреса ул.50 Дивизија бр.6, 1000 Скопје
Образец на барање: Не постои
Докази кон барање:
Задолжителни докази:
- Индекс/специјализантска книшка
- Платена цена за услуга
Докази од кои се поднесува еден (зависно од причината за мирување):
- Потврда за бременост
- Извод од матична книга на родени на дете до 1 година старост)
- Потврда за болест
- Потврда за неможност да се исполнат финансиски обврски
- Други лични причини ( / )
Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето
Цена на услуга: Да
Правен лек: Жалба до Деканатска управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот
Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Медицинскиот факултет , преку архива или на адреса за електронска пошта: medf@medf.ukim.edu.mk