Еквиваленција (признавање предмети при запишување или преминување)
Понудувач: Економски институт
Форма на барањето: Писмена
Надлежен орган: Директорот на Економскиот институт, преку архива на адреса „Пролет“ бр. 1, 1000 Скопје
Образец на барање: Не постои
Докази кон барање:
Задожителни докази:
- Индекс
- Платена цена на услугата
- Уверение за дипломирање или за положени испити на студиската програма
Рок за одлучување: до 30 дена од денот на поднесување на барањето
Цена на услуга: Да
Правен лек: Жалба до Институтската управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот
Орган надлежен за правниот лек: Институтската управа на Економскиот институт , преку архива или на адреса за електронска пошта: kosta@ek-inst.ukim.edu.mk