Промена на статус од редовен во вонреден

Понудувач: Педагошки факултет„Св. Климент Охридски“ Скопје

Форма на барањето: Писмена.

Надлежен орган: Декан на Педагошки факултет„Св. Климент Охридски“ Скопје, преку архивата на  ул Дрезденска бр. 56, 1000 Скопје.

Образец за барање: 5. прилог 5

Докази кон барање: Задолжителни докази:

  1. Индекс

2.Платена цена на услугата

  1. Лекарско уверение или М1/М2 образец, односно склучен договор за работа на неопределено време

Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето, но практика е истото да се направи  во рок од три работни дена

Цена на услуга: Да

Правен лек: Приговор до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот.

Орган надлежен за правниот лек: Деканатска управа на Педагошки факултет„Св. Климент Охридски“ Скопје преку архива или на адресаза електронска пошта:  arhiva@pfsko.ukim.edu.mk