Потврда дека студентот е запишан на втор циклус студии

Факултет: Филозофски факултет

Форма на барањето: /

Надлежен орган: Филозофски факултет, директно во канцеларијата за втор и трет циклус студии при Одделението за студентски прашања

Образец на барање: Образец – Потврда за редовен-вонреден втор циклус

Докази кон барање:
  Задолжителни докази:

  1. Индекс
  2. Платена цена за услуга

Рок за одлучување: до 30 дена од денот на поднесување на барањето, но практика е да се издаде веднаш

Цена на услуга: Да

Правен лек: Приговор до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето на потврдата или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Одделението за студентски прашања

Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Филозофски факултет, преку архива или на следнава електронска адреса: fzf@fzf.ukim.edu.mk