Потврда дека студентот е запишан на прв циклус студии

Факултет: Шумарски факултет – Скопје

Форма на барањето: Писмена

Надлежен орган: Шумарски факултет, директно во канцеларијата на Студентски прашања

Образец на барање: Постои, се наоѓа во канцеларијата на Студентски прашања, кај секретарот или на следниот линк: Барање за издавање на потврда за статус на студент

Докази кон барање:
Задолжителни докази:

  1. Индекс
  2. Платена цена за услуга

Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето, но практика е да се издаде веднаш

Цена на услуга: Да

Правен лек: Приговор до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето на потврдата или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот

Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Шумарски факултет, преку архива или на адреса за електронска пошта: sumarski@sf.ukim.edu.mk