Мирување на студиите

Понудувач: Правен факултет

Форма на барањето: Писмена

Надлежен орган: Декан на Правен факултет „Јустинијан Први“, преку архива, Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје

Образец на барање: Не постои

Докази кон барање:
Задолжителни докази:

1. Индекс
2.Платена цена за услуга

Докази од кои се поднесува еден (зависно од причината за мирување):

3. Потврда за бременост
4. Извод од матична книга на родени на дете до 1 година старост)
5. Потврда за болест подолга од 1 семестар
6. Семејни причини ( / )
7. Писмо или потврда од соодветна установа за меѓународна размена на студенти
8. Потврда за учество на спортски настан со статус на член на репрезентација
9. Потврда за неможност да се исполнат финансиски обврски
10. Други лични причини ( / )

Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето

Цена на услуга: Да

Правен лек: Жалба до Деканатска управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот

Орган надлежен за правниот лек: Деканатска управа на Правен факултет „Јустинијан Први“, преку архива или електронски на адреса: zekiekubur@yahoo.com

Кус наративен опис:

За студиите на еден студент на прв циклус студии на било кој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да бидат ставени во мирување потребно е да се спроведе постапка чиј прв чекор е поднесувањето на барање со точно наведени докази во прилог. Ова барање се адресира до деканот на соодветниот факултет. Конкретното место на поднесувањеeархивата на извесниот факултет (во нашиот пример: Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје). Барањето мора да биде поднесено во писмена форма, заедно со сите останати докази кон него, а конкретен образец не постои (што значи дека секое лице може да го состави по своја слободна проценка; единствено важно е да се запази писмената форма). Доказитена кои пак алудираме ги делиме во две групи – едните се оние кои секое барање за мирување мора да ги има, а вторите се оние кои се алтернативно поставени (подносителот на барањето одлучува кој од нив ќе го приложи). Во првата група во конкретниов случај спаѓаат: (1) индексот на студентот и (2) доказот за платена цена на услугата (најчесто копија од уплатница). Во втората група спаѓаат: (3) доказ за бременост (специјалистички извештај од лекар или друга потврда); (4) доказ за имање на дете до 1 година старост (специјалистички извештај од лекар или друга потврда); (5) доказ за болест подолга од еден семестар (специјалистички извештај од лекар или друга потврда); (6) доказ за постоење семејни причини; (7) доказ за учество во меѓународна размена на студенти (писмо или потврда од странска установа); (8) доказ за учество во подготовка и настап на спортски настан со статус на член на репрезентација; (9) доказ за неможност да се исполнат финансиските причини или (10) други лични причини. Доказите под број 1 и 2, следствено, мора секогаш да се достават, а од оние помеѓу броевите 3 и 10 доволен е еден. Откако ова барање со сите докази ќе биде поднесено до архивата на факултетот (адресирано до деканот – горе се наведува дека се поднесува до него), деканот има 30 дена да одлучи по него, т.е. да издаде решениеза прифаќање или неприфаќање на барањето. Доколку во рок од овие 30 деканот издаде решение со кое го одбива барањето тогаш неговиот подносител (студентот) ќе има право да поднесе жалба која ќе биде адресирана до деканатската управа. Рокот за поднесување на жалбата е 15 дена од денот на доставата на решението до лицето (најчесто во практиката достава не се врши туку лицата се исконтактирани и повикани да ги подигнат решенијата од факултетот). Жалбата се поднесува повторно во архивата на факултетот или пак преку e-mail на однапред објавена адреса (на Правниот факултет тоа е zekiekubur@yahoo.com). Студентот ќе знае дека има право на жалба бидејќи во решението со кое барањето му се одбива тоа е наведено во правната поука (на самиот крај на документот пишува до кого и во кој рок се поднесува жалба). Сепак, студентот ќе има право на жалба уште во еден случај – кога деканот нема да донесе никакво решение во рокот од 30 дена. Тогаш се создава таканаречена правна претпоставка дека решението е одбиено и по истекот на 30 дена студентот се жали според истите правила – до деканатската управа со образложение дека решение не се донело во рокот, а со тоа дека се цени дека барањето е одбиено. Деканската управа која одлучува по жалбата има 60 дена да донесе решение со кое ќе го потврди решението на деканот или ќе го поништи.

Опис по чекори:

Чекор 1: Поднесување на барање со докази

За лицето да може да ги стави своите студии во мирување мора да поднесе барање кое ќе го адресира до деканот на факултетот. Барањето се поднесува до архивата на факултетот, во писмена форма, а за конкретната услуга не постои образец на барање. Кон барањето се поднесуваат докази. Два се задолжителни, а останатите 9 се алтернативни (доволен е еден од сите за барањето да биде прифатено).

Чекор 2: Одлучување од страна на деканот

Откакобарањето ќе биде поднесено со сите неопходни докази деканот ќе има 30 дена (од денот на поднесување) да одлучи по него, односно да донесе решение со кое го прифаќа или го одбива барањето за ставање на студиите во мирување.

Чекор 3: Поднесување на жалба доколку барањето е одбиено или пак решение по повод барањето не е донесено

Беше наведено дека деканот има 30 дена од денот на поднесување на барањето со доказите за да донесе решение. Ако во овој рок е донесено решениесо кое барањето на студентот се одбива тогаш тој има право да поднесе жалба до деканатската управа. Жалбата се поднесува во рок од 15 дена од денот кога решението му е доставено на студентот (најчесто решението не се доставува по пошта туку студентот е контактиран од службите на факултетот и повикан да го подигне решението – фактички рокот од 15 дена почнува да тече откако решението ќе биде подигнато). Жалбата, како што рековме, се адресира до деканатската управа (горе на документот се вели дека се поднесува до тој орган). Таа може да се поднесе на два начини: писмено(како и првото барање во архивата на факултетот) или електронски (ова не секаде е предвидено како можност, но на Правниот факултет жалбите можат да се поднесат преку e-mail на адреса zekiekubur@yahoo.com).

Жалбата, освен кога во рокот од 30 дена деканот ќе донесе решение за одбивање на барањето, ќе може да се поднесе уште во еден случај. Тоа е оној кога деканот во рокот од 30 дена нема да донесе решение (ниту ќе го прифати ниту ќе го одбие барањето, едноставно никакво решение нема да биде донесено). Тогаш се создава правна претпоставка дека решението е донесено и со него се одбива барањето и студентот повторно има право да поднесе жалба како да му било доставено такво решение. Практично, ако рокот од 30 дена истече се смета дека администрацијата „молчи“ и студентот се жали на тоа, односно на фактот дека барањето му е одбиено. Во жалбата ќе се наведе дека решението не било доставено во рокот од 30 дена. Правилата за жалбата се исти (се поднесува писмено или електронски како што беше појаснето). Сепак, има една клучна разлика – во првиот случај рековме дека студентот има рок од 15 дена од денот кога му е доставено решението да поднесе жалба (а потоа веќе го губи правото). Во овој случај бидејќи решението не му е никогаш доставено, не ни постои рокот од 15 дена. Едноставно, било кога после протекот на 30 дена од денот на поднесување на барањето, ако решение не е донесено, студентот смее да се жали.

Чекор 4: Одлука по жалба

Деканатската управа откако ќе ја прими жалбата ќе има 60 дена да одлучи дали деканот правилно постапил или не.