Мирување на студиите
Понудувач: Економски факултет
Форма на барањето: Писмена
Надлежен орган: Декан на Економски факултет, преку архивата на факултетoт.
Образец на барање: Не постои
Докази кон барање:
Задолжителни докази:
- Индекс
- Платена цена за услуга
Докази од кои се поднесува еден (зависно од причината за мирување):
- Потврда за бременост
- Извод од матична книга на родени на дете до 1 година старост
- Потврда за болест подолга од 1 семестар
- Семејни причини ( / )
- Писмо или потврда од соодветна установа за меѓународна размена на студенти
- Потврда за учество на спортски настан со статус на член на репрезентација
- Потврда за неможност да се исполнат финансиски обврски
- Други лични причини ( / )
Рок за одлучување: до 30 дена од денот на поднесување на барањето
Цена на услуга: Да
Правен лек: Жалба до Деканатска управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот
Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Економски факултет , преку архива или на адреса за електронска пошта:contact@eccf.ukim.edu.mk