Мирување на студиите

Понудувач: Фармацевтски факултет

Форма на барањето: Писмена

Надлежен орган: Декан на Фармацевтски факултет, преку архива на адреса ул. Мајка Тереза бр. 47, 1000 Скопје

Образец на барање: Не постои -Пишано барање лично од студентот

Докази кон барање:
Задолжителни докази:

  1. Индекс
  2. Платена цена за услуга

Докази од кои се поднесува еден (зависно од причината за мирување):

  1. Потврда за бременост
  2. Извод од матична книга на родени на дете до 1 година старост)
  3. Потврда за болест подолга од 1 семестар
  4. Семејни причини ( / )
  5. Писмо или потврда од соодветна установа за меѓународна размена на студенти
  6. Потврда за учество на спортски настан со статус на член на репрезентација
  7. Потврда за неможност да се исполнат финансиски обврски
  8. Други лични причини ( / )

Рок за одлучување: 5 работни дена од денот на поднесување на барањето

Цена на услуга: 2.000 денари

Правен лек: Жалба до Деканатска управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот

Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Фармацевтски факултет , преку архива или на адреса за електронска пошта: studentskiprasanja@ff.ukim.edu.mk