Потврда дека студентот е запишан на втор циклус студии
Факултет: Факултет за драмски уметности – Скопје
Форма на барањето: Писмена
Надлежен орган: Факултет за драмски уметности, директно во канцеларијата на Студентски прашања
Образец на барање: писмено барање
Докази кон барање:
Задолжителни докази:
- Индекс
- Платена цена за услуга
Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето, но практика е да се издаде веднаш
Цена на услуга: Да
Правен лек: Приговор до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето на потврдата или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот.
Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Факултетот за драмски уметности, преку архива или на адреса за електронска пошта: fdu@ukim.edu.mk