Преполагање – повторување на завршно оценување за повисока завршна оцена по наставен предмет

Факултет: Филозофски факултет

Форма на барањето: Писмена

Надлежен орган: Декан на Филозофски факултет, преку архива на адреса Бул. Гоце Делчев 9a, 1000 Скопје

Образец на барање: Образец – Барање за преполагање на положен испит

Докази кон барање:
  Задолжителни докази:

  1. Индекс
  2. Пријава за испит
  3. Уплатница за платена цена на услуга
  4. Доказ за уплатена административна такса

Рок за одлучување: до 30 дена од денот на поднесување на барањето

Цена на услуга: Да

Правен лек: Жалба до Деканатска управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот

Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Филозофски факултет, преку архива или на следнава електронска адреса: fzf@fzf.ukim.edu.mk