Еквиваленција (признавање предмети при запишување или преминување)
Факултет : Шумарски факултет
Форма на барањето: Писмена
Надлежен орган: Декан на Шумарскиот факултет, преку архива на адреса:„ 16-та Македонска бригада“бр.1, 1000 Скопје
Образец на барање: Образец – Барање за еквиваленција (признавање предмети при запишување или преминување)
Докази кон барање:
Задолжителни докази:
- Индекс
- Платена цена на услугата
- Уверение за дипломирање или за положени испити на студиската програма
Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето
Цена на услуга: Да
Правен лек: Жалба до Деканатска управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот
Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Шумарскиот факултет , преку архива или на адреса за електронска пошта:sumarski@sf.ukim.edu.mk