Уверение за положени испити од прв, втор и трет циклус студии

Факултет: Машински факултет, ул. Руѓер Бошковиќ бр. 18, 1000 Скопје

Форма на барањето: Усмена

Надлежен орган: Машински факултет, директно во канцеларијата на Студентски прашања

Образец на барање: Не постои

Докази кон барање:
Задолжителни докази:

  1. Индекс
  2. Платена административна такса

Рок за одлучување: најдоцна за 30 дена од денот на поднесување на барањето

Цена на услуга: Не

Правен лек: Приговор до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето уверението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот

Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Машински факултет, преку архива