Испишување од студии
Факултет: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје
Форма на барањето: Писмена.
Надлежен орган: Декан на Факултет за ветеринарна медицина во Скопје, преку архива на адреса ул:„Лазар Поп Трајков“ бр.5/7, 1000 Скопје
Образец за барање: Молба, достапна на веб-страницата на Факултетот или во Канцеларијата за студентски прашања
Докази кон барање: Задолжителни докази:
- Индекс
- Патена цена на услугата
- Потврда од Факултетот дека студентот на должи книги на библиотеката
Рок за одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето
Цена на услуга: 1.000,00 денари
Правен лек: Приговор до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето на решението или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот.
Орган надлежен за правниот лек: Деканатска управа на Факултетот за ветеринарна медицина или електронска преку архива или на адреса за електронска пошта: contact@fvm.ukim.edu.mk