Префрлање од стара на нова програма

Факултет: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје

Форма на барањето: Писмена 

Надлежен орган: Декан на Факултет за ветеринарна медицина во Скопје, преку архива на адреса ул:„Лазар Поп Трајков“ бр.5/7, 1000 Скопје

Образец на барање: Молба, достапна на веб-страницата на Факултетот или во Канцеларијата за студентски прашања

Докази кон барање: Задолжителни докази: 

  1. Индекс

Рок на одлучување: 30 дена од денот на поднесување на барањето 

Правен лек: Жалба до Деканатската управа во рок од 15 дена од доставувањето или по истекот на 30 дена од поднесување на барањето на кое не е одговорено од страна на Деканот

Орган надлежен за правниот лек: Деканатската управа на Факултетот за ветеринарна медицина , преку архива или на адреса за електронска пошта: contact@fvm.ukim.edu.mk